Освој ваучер од 1.500 денари во Цвеќара Ема: Халкбанк и Женски магазин во уште една акција за поддршка на малите бизниси погодени од корона-кризата

Сите му се радуваме на цвеќето. Особено кога тоа е убаво декорирано во цветен аранжман, каде комбинацијата на бои, мириси и форми предизвикуваат уживање за сите наши сетила. Цветните аранжмани, исто така, може да бидат и прекрасно изненадување за некој наш сакан и симбол на љубов, благодарност, внимание, но за жал, поради пандемијата од коронавирус и промените во нормалниот тек на живот, убавиот гест на подарување цвеќе се занемари.

Многу од нас се фокусираа на набавка на неопходните намирници за живот, заборавајќи на цвеќето. Многу цвеќари во земјата и целокупниот бизнис со цвеќе претрпува огромни загуби, а голем дел од цвеќето, како потрошна роба, наместо во нечиј дом, завршува во ѓубре!

Токму затоа, Халкбанк преку неколку иницијативи одлучи да даде поддршка на малите бизниси кои поради пандемијата со коронавирус претрпуваат финансиски последици, а во исто време, да го поттикне и враќањето на убавите гестови кои ги подзаборавивме. Па така и ние, во соработка со Халкбанк, на еден наш читател му доделува ваучер од 1.500 денари во Цвеќара Ема кој ќе може да го искористи за каков било цветен аранжман или убав гест на подарување.

Цвеќара Ема, која се наоѓа на Цветниот пазар во Скопје, нуди цветни аранжмани за било која пригода, декорација на свадбени простории, аранжмани за свадби, крштевки, родендени и сл. Покрај изработката на цветни аранжмани со свежо или вештачко цвеќе, тие вршат испорака до саканата дестинација. Експертите за декорација од Цвеќара Ема, исто така, се вешти во украсување на ресторани (невестинска маса, маси за гости) со природно и вештачко цвеќе, прстени за салфетки, украсни машни, украсување подароци, кутии, шишиња итн.

А вие, за да добиете ваучер од 1500 денари од Цвеќара Ема, сѐ што треба да направите е да ја споделите нашата објава јавно на Вашиот Facebook профил со #ВажниСеЛуѓето, да ги тагнете @HalkbankADSkopje, @Женски Магазин/Zenski magazin и @Cvekara.Ema.Flowershop, а ние по случаен избор на 01.04.2020. ќе го прогласиме победникот кој ги исполнува критериумите.


Да помогнеме и да ги поддржиме малите бизниси чија дејност не дозволуваше работа во вонредни услови!