Отиде на излет со момчето, а тој се врати без неа и одбива да каже каде е: Мистериозен случај на позната инфлуенсерка
Популарната инфлуенсерка Габи Петито (22), која на Инстаграм водеше профил, покажувајќи како
живее во миниван со кој постојано патува со своето момче Брајан, исчезна, а
нејзиното семејство викендот го
пријави нејзиното исчезнување.
Овој пар од Флорида отпатува заедно, а овие денови Брајан се врати дома порано без Габи, тој одбива да ѝ каже на полицијата што се случило и каде е девојката. Семејството на инфлуенсерката сега го моли Брајан и неговото семејство да зборуваат и да им помогнат да ја пронајдат својата исчезната ќерка, а целата држава се приклучи на истрагата.
Тие двајца планираа да посетат неколку национални паркови во комбето на Габи, а таа ги сподели сите детали на социјалните мрежи, како и секогаш. Редовно се јавувала на семејството до крајот на август, кога одеднаш престанала.
Полицијата во Јута имаше состанок со парот на 12 август, а од таму велат дека двојката имала физички конфликт. Сепак, парот ѝ рекол на полицијата дека се‘ е во ред, дека планираат брак и дека не сакаат да поднесат никаква пријава. Полицаец им предложил да се разделат таа вечер, а во извештајот се наведува дека Петито била „збунета и многу емотивна“ таа вечер.
Габи последен пат искомуницирала со своето семејство на 30 август, но тие велат дека се сомневаат дека пораката е навистина од неа, бидејќи таа напишала само „Нема мрежа во националниот парк Јосемити“.
Брајан се врати дома на 1 септември. Тој и Габи живееле со неговите родители, а полицијата во дворот го пронашла миниванот со кој патувал парот.
Фото: Инстаграм/Габи Пепито