Отишла на операција на желудник во Турција и сега цел живот ќе живее како билка: Ќе се храни преку цевче додека е жива! (ВИДЕО)
Луиз Бредли (33) направилa операција на гастричен бајпас во Турција за да ослабне. Таа го променила својот живот, но и го ставила во опасност своето здравје. Сега на својот профил на TikTok, ги предупредува луѓето да бидат внимателни и свесни колку тоа всушност може да биде опасно.
Луиз била пресреќна кога една клиника на брегот на Егејското Море и ја понудила процедурата за намалување на желудникот што ја сакала, бидејќи четири години била на листа на чекање во болницата NHS. Оваа жена развилa артритис поради прекумерна тежина и мислеla дека операцијата на гастричен бајпас е најдобрата опција иако знаела дека компликациите по операцијата на гастричен бајпас се вообичаени и можни.
За 2.000 фунти, наместо да и отстранат 75 отсто од стомакот, таа вели дека ѝ отстраниле 92 отсто. Завршила на интензивна нега кога се вратила дома во Манчестер и до крајот на животот ќе пие и јаде низ сонда.
Таа го раскажа своето искуство откако една жена починаТаа за Manchester Evening News го раскажа нејзиното искуство откако 38-годишната Лајн Мишел Лири почина по операција на стомакот во Турција.
На 27 мај минатата година, Луиз тврди дека хирургот ѝрекол дека операцијата била успешна и ѝ дал одобрение да лета следниот ден.
- Не бев добро, но докторот ми рече дека е сосема нормално и дека сѐ ќе биде подобро додека да се вратам дома - рекла Луиз.
@gastric.sleeve.survivor my NJ is out for a whole 24 hours so happy
original sound - Louise.B.NW
Таа се онесвестила на летот
На летот кон дома, таа се онесвестила и ја пречекала брзата помош на аеродромот во Манчестер при што била пренесена на интензивна нега.
„Бев префрлена во одделението за управување со тежината во кралската болница во Салфорд и ми рекоа дека сум четвртата личност што ја примиле таа недела, а се вратила од операција во Турција“, рече таа.
Запознала и жена која исто така имала операција на желудникот во Турција и вели дека буквално било како кланица.
Луиз тврди дека скенирањето во кралската амбуланта Салфорд открило дека 92 отсто од нејзиниот стомак бил отстранет. Турскиот медицински тим исто така ѝ го пресекол хранопроводот, рече таа, што значи дека мускулите повеќе не работат и дека не може да голта без помош. Не може ни вода да голтне и единствена опција и е да се храни преку цевче до крајот на животот.
Министерството за надворешни работи на Обединетото Кралство го издаде предупредувањето бидејќи се знае дека најмалку 24 британски државјани починале во Турција од јануари 2019 година по медицински процедури. Форин Офисот издаде соопштение: „Индустријата за естетска хирургија, медицински и стоматолошки туризам е речиси целосно нерегулирана, а тоа има потенцијални ризици за оние кои патуваат од ОК.
извор: најжена.рс
фото: принтскрин тикток