Отишла на рутински преглед на очите поради главоболка, ѝ откриле тумор „бомба што отчукува“

Ќе поминат уште неколку месеци пред да открие колку вид изгубила

На Карла Кокс (33) од Мидсамер Нортон, Англија, и е дијагностициран окуларен меланом, рак на окото кој се развива од клетките што произведуваат пигмент. Дијагнозата е откриена при рутинска посета на очен лекар. Очекувала да добие малку посилни лекови за да се справи со главоболките кои штотуку почнала да ги чувствува, пишува Mirror.

Рутинската контрола откри нешто многу позлобно, туморот „бомба која отчукува“. Откако во јануари била откриена чудна сенка на скенерот, таа била испратена во Бристол, очна болница каде и било кажано дека има меланом на окото. Таа почнала со радиотерапија во февруари, а во август скенерот ќе покаже дали се е „чисто“.


Но, младата мајка оттогаш го изгубила видот на левото око и тврди дека едноставните секојдневни задачи, како што е шминкањето, станале многу понапорни. Сега, две недели по процедурата, Карла се надева дека видот на крајот ќе и се подобри додека се обидува да ја подигне свеста за важноста на редовните контроли, бидејќи нејзиниот тумор бил забележан во последен момент.


Карла наведува дека контролата и го спасила животот.

- Одете на прегледи на неколку години, јас да го оставив тоа така, и да беше окуларен меланом, затоа што така го третираа затоа што беше премал за биопсија, ќе се проширише на црниот дроб. Ми велат дека сум имала среќа, затоа што обично не го добиваат луѓе на моја возраст, туку постари од 65 години.

Карла носи очила од тригодишна возраст и прави рутински прегледи на очите. Кога и понудиле да направат дополнителен преглед, томографија, таа се согласила.

- Секој ден ми е различен, станувам и гледам нешто различно, може да биде заматено, нејасно или двојно. Верувам дека еден ден ќе станам и дека видот ќе ми биде малку подобар, доволно за да можам да гледам. Го кријам лицето од таа страна, затоа што ми е многу полесно, воопшто не гледам од левата страна и се плашам да одам да пазарувам.


Ќе поминат уште неколку месеци пред да открие колку вид изгубила.

Се проценува дека само минатата година во Англија 2.986 луѓе го изгубиле видот поради задоцнето препознавање и лекување на очните болести.


извор: телеграф.рс

Фото: Фејсбук Карла Кокс