Откриено како омикрон најлесно продира во организмот: Еден дел од телото е посебно чувствителен

Добивај вести на Viber

Експертите велат дека врвот на овој бран се очекува кон средината на февруари, кој како отворен пламен се шири нова мутација, но за среќа најчесто предизвикува поблага клиничка слика.

Омикрон стана доминантен вид на коронавирус насекаде во светот, заразувајќи десетици, а понекогаш и стотици илјади луѓе ширум светот секој ден.

Експертите од регионот велат дека врвот на овој бран се очекува кон средината на февруари, како отворен пламен се шири нова мутација, но за среќа најчесто предизвикува поблага клиничка слика.

Како омикрон толку лесно се пренесува? Неодамнешните студии покажуваат дека оваа мутација ја користи „портата“ на нашето тело, која е најпогодна за вирусот да навлезе во телото, а тоа е мукозната мембрана на окото. Како и на почетокот на пандемијата, експертите ја нагласуваат важноста од миење раце и избегнување допирање на очите, токму поради таа причина.

Експертите ја поврзуваат оваа способност за полесно заразување преку мукозната мембрана на окото не со некои посебни карактеристики на оваа мутација, туку со нејзината примарна карактеристика, а тоа е поголемата заразност. А слузокожата на окото во тој случај е најчувствителна и овозможува полесен влез на вирусот во организмот.

Начинот на кој омикронот влегува во телото не е поврзан со тежината на клиничката слика, забележуваат експертите. Исто така, посочуваат дека нема врска меѓу тежината на болеста и двојната инфекција, односно ситуацијата кога човек двапати е заразен со корона. Како што велат, се зависи од имунолошкиот состав на организмот.

Претходно, генетичарите изјавија дека очите можат да послужат како „порта“ за навлегување на омикрон во телото, па затоа не е чудно што еден од симптомите на инфекција со оваа мутација, покрај сувото грло, кашлицата, болките во мускулите е и конјунктивитис.

Стручен совет е покрај маската и потребното растојание, носете и очила за да го намалите ризикот од инфекција.