Ова бара храброст: Сека Алексиќ со никогаш пократка коса - новата фризура ѝ стои фантастично (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Популарната фолкерка се одлучи за голема промена во својот изглед и изгледа фантастично.

Фолк sвездата Сека Алексиќ вчера ги изненади своите следбеници на Инстаграм споделувајќи селфи на кое позираше со кратка коса. Пејачката ги скрати долгите кадрици по кои беше препознатлива и сега има многу краток боб што и прилега многу убаво.

Таа прво објави една фотографија, а потоа и видео во кое ја гледаме нејзината нова фризура, а потоа посочи дека овој потег не е чуден за неа.

 Ги менувам фризурите често, ова не е ништо невообичаено за мене - вели Сека.
- Посакував да имам кратка коса и тоа е тоа. Сега е поздрава, поубава, мислам дека е полн погодок. Бев на специјална диета, се хранев здраво и ослабев, па сакав да ја сменам фризурата.

Пејачката, инаку, главно имаше подолга коса во изминатите неколку години, но претходно во кариерата беше позната како некој што сака да експериментира, па ја видовме со различни нијанси, должини и облици на коса.

извор:GLOSSY