Ова е најопасното место на лицето каде може да вбризгате филери: Пластичниот хирург на познатите предупредува
Најчестите третмани за подмладување на кои се подложуваат жените е вметнување филери во лицето. Станува збор за смеса која е слична на гел, а ги смирува брчките и го подигнува лицето. Сепак, не сите делови на лицето се целосно безбедни.
Пол Насиф, доктор по медицина, кој е задолжен за младешкиот изглед на познатите жени, објасни кои се најопасните регии на лицето за инјектирање филери.
„Најопасните места за филери се челото, носот и слепоочниците, бидејќи овие делови имаат најголем ризик од некроза на ткивото и слепило“, вели Пол Насиф, доктор по медицина и познат пластичен и реконструктивен хирург.
Според Насиф, доколку внесете филер во пределот на челото, постои ризик од компликација позната како „васкуларна оклузија“, односно кога мала количина крв ќе влезе во ткивото. Ова може да доведе до ткивна некроза, или „смрт на телесното ткиво“, што предизвикува плускавци на кожата, црвенило, инфекција или многу посериозни компликации.
„Покрај тоа, инјектирањето филери во близина на челото и носот може да доведе до слепило поради васкуларна оклузија што се јавува во офталмолошката артерија“, вели тој. Во случаите кога филерот е поставен централно, познато е дека предизвикува меѓусебно слепило, што е целосно губење на видот на двете очи. Сепак, според весникот за клиничка и естетска дерматологија, ова е исклучително ретко.
Д-р Насиф исто така истакна дека филерите кои се вбризгуваат во образите се најдобрата и најбезбедната опција.