Ова е новата девојка на Бред Пит - што и предложил?

Актерката Тифани Хадиш ќе биде новата девојка на Бред Пит – доколку и двајцата бидат слободни во 2019 година. Таков договор направиле неодамна кога налетале еден на друг во лифт, а на нејзиниот шарм Пит не останал рамнодушен.

„Ми рече дека ако и двајцата бидеме слободни следната година, ќе може да се забавуваме. А знаете што значи тоа. Но, тој има шест деца, не знам како ќе се снајдам кога ќе станам маќеа на толку многу деца“ – изјавила за Мирор.

Кели рекла и дека нема логично објаснување зошто овој пар ќе чека до идната година.

За Бред вели дека веројатно му се допаѓа ергенскиот живот, па ќе почека уште малку додека повторно не и се посвети само на една жена.