Ова е почеток на крајот на короната: Наскоро ќе ги симнеме маските, ќе ги откажеме тестирањата и ќе нема мерки - што открива најновата анализа
Болеста влегува во ендемска фаза, вакцинацијата во иднина ќе биде неопходна само за најзагрозените, а паралелната појава на грип и ковид не мора да значи катастрофа.
Кој не го постави прашањето „Дали пандемијата конечно заврши?“ во изминатите две години или „Кога конечно ќе можеме да продолжиме со нормален живот?"
Одговорот на тие прашања - дава анализата на Џејмс Галагер, новинар на БиБиСи кој се занимава со здравје и наука.
Ова може да се случи многу брзо. Се повеќе се верува дека Велика Британија се движи кон самиот крај на пандемијата. Но, што е следно? Вирусот нема магично да исчезне. Наместо тоа, ќе треба да се навикнеме на новиот збор - „ендемичен“, што всушност значи дека Ковид дефинитивно останува со нас.
Нова ера?
Дали сме навистина на прагот на нова ера на ковид и што ќе значи тоа за нашите животи?
„Малку ни недостига, ова е сега почеток на крајот, барем во Обединетото Кралство“, рече професорот Џулијан Хискокс, раководител на Одделот за заразни болести и глобално здравје на Универзитетот во Ливерпул.
„Мислам дека нашите животи ќе се вратат речиси целосно на она што беа пред пандемијата во 2022 година“.
Она што се менува е нашиот имунитет. Новиот корона вирус се појави пред две години во кинескиот град Вухан, а ние тогаш бевме ранливи. Тоа беше сосема нов вирус со кој нашиот имунолошки систем немаше контакт и немавме вакцини или лекови кои ќе помогнат во борбата против него.
Резултатот беше како некој да активирал фрлач на пламен во фабрика за огномет. Ковид експлозивно се рашири низ светот, но пожарот што тој го предизвика не може вечно да гори со ист интензитет.
Од почетокот имаше две опции - или ќе го задушиме ковидот, како што беше случајот со еболата во Западна Африка, или вирусот сам ќе се смири, но и ќе остане со нас долго време и ќе се придружи на цела низа ендемични инфекции - од настинка до ХИВ, сипаници и маларија до туберкулоза - кои се секогаш присутни.
Анализата продолжува на Фактор, ОВДЕ