Ова е жената која го возеше автомобилот што го однесе во смрт познатиот кошаркар: По Дражен, ѝ се случија уште две трагедии

Познатиот кошаркар Дражен Петровиќ денеска би наполнил 57 години. Тој го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случи во Германија во 1993 година.

Во попладневните часови на 7 јуни, Дражен на аеродромот во Франкфурт го пречекала неговата девојка Клара во друштво на нејзината пријателка Хилал Едебал. Дражен и таа беа во врска само неколку месеци. Клара требало да го однесе Дражен во Минхен, а потоа се случила катастрофа на автопатот А9 кај градот Денкендорф.

Клара со голф удрила мерцедес и наводно возела 160 км/ч. Петровиќ спиел на совозачкото седиште и излетал од автомобилот и починал на лице место.

За Клара не се знаеше многу со години, а за третото лице во автомобилот се до 2011 година. 

Клара Саланти е родена во 1970 година, била германска кошаркарка и модел. Пред да започне врска со Дражен, таа била негова голема обожавателка и со помош на пријател од Хрватска се обидела да стапи во контакт со него преку менаџерот. Отишла на еден натпревар, а според приказната на пријател, љубовта започнала веднаш.

Саланти никогаш не проговори за врската со Дражен и за трагичната несреќа. Таа неколку пати доаѓала во Загреб, на гробот на Дражен, а наводно била во контакт со неговиот брат. 

Три години по несреќата го запознала германскиот фудбалер Оливер Бирхоф. Тие се венчаа во 2001 година, а во 2007 година добија дете. Клара во 2010 година доживеа уште две големи трагедии - во осмиот месец од бременоста изгуби дете, а набргу потоа починал и нејзиниот брат Ладислав.


Фото: Профимедиа/Youtube/screenshoot

Мајката на Дражен Петровиќ: Таа е монструм, а несреќата ѝ го уништи животот на Хилал