Ова е жената која ја уби Алек Болдвин

Рано утрово одекна трагичната вест дека познатиот холивудски актер Алек Болдвин на снимањето ја застрелал директорката на фотографија Халина Хачинс, која работела на бројни филмови.

Алек Болдвин пукал со реплика од пиштол на снимањето на филм во Ново Мексико, при што ја убил Халина Хачинс и го ранил режисерот Џоел Соуз, соопштија локалните власти.

View this post on Instagram

A post shared by Halyna Hutchins (@halynahutchins)



Според властите, Хачинс со хеликоптер била пренесена во болницата на Универзитетот во Ново Мексико, каде била констатирана смрт, додека Соуз со возило на брза помош бил пренесен во регионалниот медицински центар „Христос Св. Винсент “, каде што бил подложен на третман за повреди.

View this post on Instagram

A post shared by Halyna Hutchins (@halynahutchins)



ПОСЛЕДНОТО ВИДЕО НА ХАЛИНА ПРЕД ДВА ДЕНА, ОД МЕСТОТО НА СНИМАЊЕТО 

Халина Хачинс починала од прострелна рана, која ја добила на снимањето на „Rust“, а имала 42 години. Халина била застрелана во импровизирана црква на сетот.

Родена во Украина во 1979 година, Халина пораснала во советска воена база во Арктичкиот круг.

Таа го посетувала Националниот универзитет во Киев и дипломирал меѓународно новинарство пред да започне да работи на британски документарни продукции како истражувачки новинар.

Подоцна се преселила во Лос Анџелес и дипломирала на Конзерваториумот на Американскиот филмски институт во 2015 година. Во 2018 година, била снимател во лабораторијата „21th Century Fox DP“, а една година подоцна била избрана за една од sвездите во подем на списание „Американски кинематографер“.

- Многу сум тажен што ја изгубив Халина. И толку бесен што тоа се случи на снимање. Таа беше голем талент кој беше апсолутно посветен на уметноста и филмот – напиша режисерот Адам Мортимер на Твитер.