Ова се 3-те хороскопски знаци кои „пукаат“ од љубомора: Често избувнуваат без причина – пазете се од нив
Љубомората не е нужно лоша ако се дозира, а овие знаци честопати може да го изгубат компасот
Иако е во ред понекогаш да покажете малку љубомора, постојат некои знаци во астрологијата кои едвај се држат под контрола. Им пречи ако не направите нешто во исто време кога тие посакале, ако имаш другарки машки/женски, ако излегуваш без нив … па, долг е списокот.
Накратко ова се 3-те хороскопски знаци кои се лидери во љубомората:
Бик
На биковите редовно им недостасува внимание, па ако не ви се приоритет секоја секунда, јасно ќе го покажат тоа. Најчесто тие се сомничави кон вашите пријатели, особено кон спротивниот пол.
Доколку стапите во врска со некој роден во овој знак, советот е или да имате добар разговор на почетокот на врската или да ги прифатите таквите такви какви што се, а тие се прилично барани.
На биковите им треба повеќе внимание од другите.
Лав
Лавовите сакаат да бидат во центарот на вниманието, без разлика дали се работи за пријателски состанок и дружење или емотивна врска.
Не можат да издржат кога партнерот троши време на други луѓе бидејќи автоматски се чувствуваат помалку вредни, а тоа не оди со нивниот темперамент.
Овен
Овој знак е прилично импулсивен, па сè може да го направи сомнителен, дури и ако не му одговорите на пораката за неколку секунди, тој ќе си го создаде најлошото сценарио во главата.
Ако се чувствува запоставен, Овенот може да ја покаже својата импулсивна природа преку мноштво барања, за да го надомести изгубеното внимание.