Ова се магичните ботокс фластери кои ги користат Кардашијанките-со нив може да им кажете збогум на брчките
Преуморна мајка (40) на три деца со скромни месечни примања открила многу ефикасни фластери против брчки. За работите да бидат уште поинтересни, истите ги користат и Крис Џенер и Ким Кардашијан.
Оваа мајка мисли дека нејзината кожа не е толку лоша и дека има само неколку брчки на лицето. Но, и се чини дека оние меѓу очите „од минута во минута се продлабочуваат“, па затоа го пронашла совршеното решение кое ги успорува знаците на стареење.
„Очигледно решение е ботоксот. Но, бидејќи на тие третмани морам да одам на секои три месеци, тоа ми е преголем финансиски трошок. Освен тоа, одвратна е помислата некој да ми става игли во лице“, рекла оваа мајка.
Таа на TikTok видела како многу млади жени ги фалат магичните фластери против брчки, па ги испробала. Пакувањето кое содржи 144 „ботокс фластери за кожа“ чини 24 фунти и таа цена и била прифатлива.
„Фластерите ја измазнуваат кожата и ги намалуваат брчките додека спиете“, стои во упатството за употреба. Пред да ги нанесете, се препорачува малку да ја масирате кожата за да се поттикне циркулацијата. Фластерите треба малку да се навлажнат и да се залепат на проблематичната област на лицето.
„Бидејќи е пожелно да ги носам преку ноќ, ги залепив околу 22 часот, а половина час подоцна си легнав. Бев загрижена да не ми пречат кога ќе спијам, но не ги ни почувствував“, раскажува оваа мајка.
Освен што лесно се ставаат на лицето, фластерите исто толку лесно се отстрануваат. Само малку натопете ги во вода и без проблем ќе се извадат. Малите брчки исчезнуваат по само три нанесувања, а на длабоките им треба малку повеќе време за да се изедначат.
После само една ноќ изгледав освежено и се осмелив да кажам помладо.Како да ми се врати времето. Ми се допаѓа што има начин да се ослободам од брчките без игли или отровни хемикалии. Велат дека со овие фластери можеш да изгледаш 20 години помладо, но ќе видиме за тоа“, открила ентузијастичката мајка.
Крис Џенер (66) ги користи истите лепенки. Таа тврди дека тие се одговорни за нејзината младост, а ги користат и Ким (41), Клои (37) и Кортни (42), но и нејзиниот поранешен сопруг Кејтлин Џенер (72).