Ова ви треба токму сега: Зимска имунитетска бомба богата со минерали и витамин Ц
Во зима потребно е да се води сметка за здрава, урамнотежена исхрана, богата со витамини, минерали и хранливи материи. Со физичка активност и правилна исхрана го правиме најдоброто нешто за сопствениот имунитет и неговиот одбранбен механизам, особено кога сме изложени на вируси.
Вистинско време е да се комбинираат состојките и да се подготват здрави пијалоци кои се пијат како ужина, го детоксифицираат организмот и природно не штитат од болести. Идеална комбинација е кога ќе вклучиме храна богата со цинк, но и различни витамини.Овошје кое е секогаш добар избор се јаболката, богати со цитамин Ц, а потоа, уште еден моќен извор на овој витамин: агруми, како лимони и портокали .
Кога ќе додадете ѓумбир, кој има антиинфламаторно и антивирусно дејство, а помага и при мачнини и настинки, сте ја постигнале идеалната комбинација. Овој рецепт ќе ги содржи и еден од најздравите зеленчуци, морковите, како зачин од куркума, кој помага во спречување на воспалителни процеси, какаото, кое е значаен избор на железо, цинк и други минерали. Друг извор на цинк и влакна е лененото семе.
Состојки:
-3 лимони и 3 портокали
-4 јаболка
-5 моркови
-лажица рендан ѓумбир
-2 лажички ленено семе
-2 лажички какао
- прстофат куркума
Подготовка:
Јаболката и морковите исечкајте ги, па додадете ги исцедените сокот од лимон и портокал. Додадете ги сите останати состојки. Додадете им 300 мл вода, па измешајте во блендер. Сокот може да остане во фрижидер околу три дена. Пијте го секојдневно.За посладок вкус додадете малку мед.
foto: freepik.com