ОВАЦИИ ЗА ХРАБРИОТ МАРКО: Галерија од „Златна бубамара на популарноста“
Под мотото „Да се предадеме! На музика,забава и смеење - Откако се одадовме на лажење, крадење и неверства“, синоќа во ВИП Арената „Борис Трајковски“ се одржа 22-то издание на манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“.
Григор Копров доби награда за животно дело, му ја врачи Владо Јаневски
Специјална награда му беше врачена на 12-годишниот Марко Пејчиновски кој и покрај здравствените проблеми, лани на празникот Голема Богородица го преплива Охридското езеро
Во Скопје допатува и хрватскиот музичар Петар Грашо на кого му беше врачена статуетка за најслушана песна во регионот
За особени достигнувања во спортот беше награден Перо Антиќ кој на сцената се појави со синот
Загадениот воздух очекувано беше една од темите на „Златна бубамара“
Домаќинот Сашко Коцев со уште една музичка пародија посветена на политичарите
Лозано доби две „бубамари“, а му ги врачи Жељко Самарџиќ
Дритон Вејсели кој се прослави по улогата во „Преспав“ беше избран за најдобар млад актер
Бендот „Дупер“ е „Откритие на годината“
Академскиот хор „Мирче Ацев“ кој одбележува 70 години од своето постоење имаше одличен настап со репертоар од легендарните „Квин“
Влатко Стефановски со хоровите на Ансамблот за народни песни и ора „Танец“ и со Културно уметничкото друштво „Мирче Ацев“ ја изведе антологиската „Учи ме мајко, карај ме“. На тапани го придружуваше синот Јан
Фото: Радован Вујовиќ