Овие хороскопски знаци најмногу се разболуваат: Ги издава срцето и дишните органи, а не ги заобиколува ни стресот и депресијата
Откријте кој е!
Астрологијата може да даде увид какви здравствени проблеми може да имаме. Во оваа смисла, многу е добро да знаеме кои проблеми можеме да ги спречиме и кои знаци се подложни на здравствени проблеми.
Раковите, Девиците и Скорпиите можат да имаат најголеми здравствени проблеми. Најважно е дека сите проблеми можат да се утврдат преку детална анализа на картата на раѓање, но овие три знаци најмногу се разболуваат поради нивните емоции.
Раковите се генерално емотивни и под влијание на владејачката планета Месечина, постојано влегуваат во различни состојби на нивната душа. Постојано се преиспитуваат и немаат можност да се опуштат и да се посветат. Со таквиот начин на живот тие емоционално се преоптоваруваат и влегуваат во различни состојби на душата. Од таму почнуваат проблемите со дишните органи и срцето.
Кога станува збор за Девиците, тие се познати по внатрешната нервоза која се пренесува во желудникот и органите за варење. Тие се воспитани во духот на традицијата и се многу внимателни и претпазливи во комуникацијата со другите луѓе. На овој начин, тие се многу емотивно затворени и имаат проблем да кажат што мислат и што чувствуваат. Поради ова се јавуваат проблеми со емоциите кои најлесно се манифестираат во форма на „нервозен стомак“.
А кога станува збор за Скорпиите, нивните емоции се многу силни и длабоки, но поради одредени модели на воспитување научиле да бидат многу емотивно затворени и да го контролираат своето однесување, емоциите. Најголем проблем е нивниот однос кон партнерот каде се јавува голема љубомора. Поради неискажани зборови, лошо интерпретирани гестови од страна на партнерот, овде се засилува внатрешната нервоза која преминува во здравствен проблем. Најмногу од сè, тие можат да имаат проблеми со репродуктивните органи.FOTO: Freepik