Овие хороскопски знаци се вечни непријатели: Еве кои треба да се одбегнуваат
Иако идејата за
љубов и разбирање е прекрасна во теорија, работите едноставно не функционираат
така во реалниот свет. Луѓето или се сакаат или не.
Во зависност од специфичните особини на личноста на знакот, на кои влијае датумот на раѓање, како и нивниот елемент, постојат и оние хороскопски знаци со кои нема добро да се вклопите. На пример, Раковите и Рибите, Близнаците и Скорпијата, Вагата и Девицата, Стрелецот и Јарецот генерално не се согласуваат, но тие не се нужно смртни непријатели.
А доколку се прашувате кој хороскопски знак е ваш апсолутен непријател кој би било мудро да го одбегнувате, прочитајте во продолжение:
1. Близнаци и Близнаци
Ако некогаш постоел знак кој не може да се издржи себе, тоа се Близнаците. Две личности обвиткани во еден знак, чекорат по тенка линија помеѓу разумот и лудилото. А кога имате двајца Близнаци, имате две можни ситуации: Или најдобри пријатели или доживотни непријатели.
2. Скорпија и Водолија
Ако сакаме да бидеме целосно искрени, Скорпијата навистина нема пријатели во зодијакот. Но, ако сумираме Скорпијата едноставно не може да ја поднесе само Водолија. Проблемот е што Водолијата е толку опуштена, толку отворена и толку чудна што тоа ја излудува Скорпијата.
3. Вага и Овен
Иако Вагите можеби не се толку слободоумни како Водолиите, тие имаат тенденција да ги држат главите во облаците, без грижа во светот. Во нивниот свет сè е убаво, а рамнотежата е клучна. Додека таквиот пристап може да функционира со други знаци, во контакт со Овен неизбежно ќе доведе до конфликт. Судирот на две личности - енергичниот знак кој сака да го зачува мирот по секоја цена, против тврдоглавиот знак кој е секогаш во право - практично значи војна од светски размери. Но, иако тие се, во најголем дел, смртни непријатели, тие се почитуваат едни со други затоа што се разбираат на начин на кој другите знаци не се разбираат.
4. Рак и Риби
И Ракот и Рибите се многу чувствителни парови. Секој од нив е толку чувствителен што би можел да се опише како „пречувствителен“ и логично е да бидат пријатели. Но тоа не е така. И покрај тоа што се еднакви по својата чувствителност, начинот на кој ги покажуваат чувствата ги разликува целосно. Додека Раковите претпочитаат да ги задржат своите чувства во себе, Рибите дозволуваат се што чувствуваат да го кажат. Еве зошто овие два хороскопски знаци не се поднесуваат еден со друг. Тие едноставно не можат да го поднесат начинот на кој другиот се справува со нивните емоции.
5. Овен и Овен
Близнаците не се единствениот знак во Зодијакот кој не може да се согласи со себе. Уште посмртоносна комбинација од двајца Близнаци се два Овни.
Зошто? Затоа што кога имате два Овена заедно, ниту еден од нив нема да се повлече или да признае дека греши, тогаш доаѓа до целосна катастрофа. Овие двајца би можеле да се мразат со децении и децении...
Фото:Freepik