Овие работи ги чуваме во домот, а сериозно ни го загрозуваат здравјето: Исфрлете ги веднаш-привлекуваат беда, несреќа и лоша карма

Иако сме сентиментално врзани за некои предмети или едноставно ги чуваме затоа што сѐ уште се функционални, можно е овие предмети да бидат штетни за нашето здравје, а исто така да го попречат нормалниот проток на енергија.

Еве неколку предмети од кои треба да се ослободите:

1. Пластични садови за храна

Сите пластични садови за храна кои не се направени од проѕирна пластика или содржат поликарбонати се штетни за здравјето бидејќи може да содржат супстанца што се користи за производство на тврда поликарбонатна пластика, наречена БПА. Со текот на времето, овој материјал престана да се користи во производството на пластични садови, но оние стари садови што ги чувате бидејќи сè уште служат за одредена цел веројатно го содржат. Стаклото е секогаш здрава алтернатива.

2. Патики за физички активности

Повеќето спортски чевли треба да се фрлат откако ќе поминете 400-500 километри во нив. Патиките во кои на пример трчате се истрошија и веќе не се добри за она за што се наменети бидејќи престануваат да бидат адекватна основа за стапалото, па целиот товар се пренесува на мускулите, коските и тетивите, што значи постои поголема шанса за повреда. Штом видите дека ви се истрошени патиките, фрлете ги.

3. Освежувачи на соби

И покрај тоа што некои производители тврдат дека не користат штетни состојки во производството на освежувачите на просториите, сепак тие содржат одредени хемикалии кои негативно влијаат на здравјето на луѓето, а кои ги вдишуваме кога миризливата хемикалија се прска низ просторијата. Изберете некои од мирисите за кои знаете дека доаѓаат од природата.

4. Четка за заби

Ако ја користите два пати на ден, како што треба, четката за заби ќе се истроши многу порано отколку што ќе заклучите со оглед на нејзиниот изглед. Многу е важно редовно да ја менувате четката за заби бидејќи бактериите од четката за заби лесно се пренесуваат на забите и устата, а истрошената четка за заби не може ефикасно да ги отстрани нечистотиите што доведуваат до заболување на забите и непцата. Четката за заби треба да се менува на секои 3-4 месеци.

5. Остатоци од храна

После оброкот, во корпа за отпадоци со капак ставете ги остатоците од храната што не можете или не сакате повторно да ја јадете, особено ако е месо. Преостанатата храна лесно ги собира бактериите кои можат да контаминираат друга храна и да влијаат на вашето здравје. Секако, доколку не сакате да привлекувате лоша енергија, најдобро би било да нахраните гладни животни.

6. Стара козметика

Отворената козметика во течна форма е одличен дом за бактерии. На пример, маскарата треба да се фрли 3 месеци по отворањето бидејќи нанесувањето на стара маскара може да доведе до акумулација на бактерии и последователно инфекција и црвенило на очите. Истото правило важи и за сјај за усни, молив за очи, пудра и слично.

7. Кујнски сунѓер

Кујнските сунѓери се дом на разни бактерии, а кога ќе сфатите дека секојдневно се во контакт со садовите од кои јадете, подобро е да ги менувате што почесто. Експертите советуваат за миење садови да се користат крпи, кои по употреба може да се измијат заедно со остатокот од алиштата.

8. Пластични даски за сецкање

Сечкањето храна на пластична даска секако ќе ја оштети нејзината површина, а штом бактериите ќе навлезат во тие исеченици и ќе растат непречено, тешко е да се ослободите од нив. За да избегнете здравствени проблеми, експертите советуваат да набавите дрвена штица бидејќи содржат смола која делува антимикробно. Во превод, ако бактериите влезат во пукнатините на даската, наместо да се шират, тие ќе умрат.

9. Стара крема со заштитен фактор

Многу е важно да ја заштитиме кожата од сонце, а во тоа ни помага крема со заштитен фактор. Сепак, кремите за сончање содржат хемикалии кои на крајот престануваат да делуваат, односно не штитат од сонцето, а се зголемува и веројатноста за развој на кожни болести. Најдобро е да ги купувате редовно во мали пакувања за секогаш да бидете сигурни дека вашата крема е ефективна.