Овој фустан ќе биде хит летово: Кејт Мидлтон воодушеви со интересен дизајн кој ги освои сите
Принцезата од Велс
повторно поставува трендови!
Кејт Мидлтон важи за една од најстилските дами од кралското семејство. Принцезата од Велс инспирира восхит каде и да се појави, нејзината секогаш совршена коса и сјајна кожа се идеали кон кои се стремат жените ширум светот.
Сепак, посебно внимание привлекува нејзиниот стил на облекување, кој често им пркоси на кралските правила. Таа поставува трендови со модерни и секогаш впечатливи комбинации, иако тоа не и е целта. Таа секогаш се труди да изгледа елегантно и соодветно за настаните на кои присуствува.
Така таа овојпат ја воодушеви јавноста појавувајќи се во детскиот центар во Нунитон во зелен фустан со интересен дезен.
Имено, таа едноставно блесна во летната лелеава тоалета. Долг фустан со дезен кој потсетува на принт на леопард ја истакна нејзината кафена коса и ја истакна нејзината женственост. Кејт уште еднаш докажа дека да се има стил не значи да се носат екстравагантни парчиња, туку знае како да ја искомбинира секојдневната гардероба со вистинските аксесоари и да изгледа елегантно.
Фустаните слични на принцезата може да се најдат и кај нас, па сè укажува дека должината миди ќе биде хит и ова лето. Модните експерти велат и дека во мода ќе бидат зелените, нане и сините бои, особено лелеавите фустани во тие тонови.
Овие фустани се многу практични, бидејќи можат да се носат и на работа и во лежерни прилики, па сигурно нема да погрешите доколку изберете таков каков што го носи Кејт Мидлтон.
Фото: Youtube - screenshoot
Видео: Youtube