Овој напиток го штити телото од настинки: Го зајакнува организмот и имунитетот!

Добивај вести на Viber

Кога ќе дојдат постудени денови, треба да пиете што повеќе топли напитоци и витамини кои ќе ве заштитат од настинки и ќе ви помогнат да се спротивставите на други здравствени заболувања.

Ѓумбирот е широко користен во медицината. Поради своите аналгетски, антиинфламаторни, антибактериски својства, ѓумбирот долго време се користи во народната медицина за лекување на многу здравствени проблеми (кашлица, запек, повраќање, мигрена, дебелина, кардиоваскуларни заболувања).

Медот и производите од мед долго време се меѓу најлековитите производи кои можат да се најдат во природата.

Ви предлагаме да направите домашен напиток кој ќе ве заштити од настинки.


Потребни состојки:

- 1 свеж ѓумбир

- 1 литар вода

- 3 лажички домашен мед

- 1 лимон 

Начин на подготовка:

Излупете го ѓумбирот и исечете го на тенки парчиња. Во тенџере ставете го ѓумбирот и прелијте го со вода, па ароматичниот корен варете го најмалку 15 до 20 минути на умерена температура. Потоа тргнете го од оган и оставете да отстои уште најмалку 5 минути. Процедете го чајот, засладете го со домашен мед и додадете лимон по желба, па пијте го додека е топол.


Причини зошто треба да направите пијалок од ѓумбир:
1. Го зајакнува организмот и го зајакнува имунитетот
2. Го забрзува закрепнувањето од настинки и вируси
3. Ја смирува мачнината и нервозата во стомакот
4. Поволно делува на нервниот систем
5. Го стимулира варењето, работата на цревата и ја намалува надуеноста
6. Ја стимулира циркулацијата.

Извор: информер.рс

Фото: фреепик

Како да се храниме за време на пост, да го задржиме имунитетот и да останеме витки!