Панчо како Марјан Стојановски, но од Али експрес: Го испеа евергринот со Андријана Јаневска

Панчо ДНК вели дека денеска е посебен ден за него, и јавно искажа голема благодарност до Андријана Јаневска, која му овозможи да види како е да се биде на местото на Марјан Стојановски, па се пошегува, дека му се остварила една од неговите најголеми животни желби.

Имено, тој постави видео на кое заедно зо Андријана, го пеат хитот „Љубов ти е адреса“ од Марјан Стојановски и Андријана Јаневска. Хитот слави 20-годишен јубилеј. 
Панчо во негов стил напиша и дека пее како Марјан, но од Али експрес.


Кога го виде видеото и Марјан се јави со коментар и се заблагодари.