Парацетамол за треска, а Ибупрофен за болка: Кој лек не треба да го земате на своја рака

Добивај вести на Viber

Кога сме настинати често сме „сам свој лекар“, па земаме одредени лекови кои ги сметаме за адекватни за проблемот што го имаме.

Најчест избор кога имаме настинка или температура е парацетамол или ибупрофен, но факт е дека не секогаш сме целосно свесни кој лек за која болест е наменет.

Имено, парацетамолот е прв избор за треска и како лек за блага до умерена болка, додека ибупрофен е првенствено лек за болки и воспаленија кај ревматски заболувања.

Парацетамолот и лековите од групата на т.н. NSAR  е лек со најмалку несакани ефекти и е прв избор за треска и како лек за блага до умерена болка (нема антиинфламаторно дејство како ибупрофенот). Ибупрофенот е првенствено лек за болка и ревматски заболувања и други мускулно-скелетни нарушувања 

„Иако премногу често се зема за болки од друга етиологија. Тој е одличен аналгетик и антиинфламаторен лек, но предизвикува и многу несакани ефекти, па затоа треба да се зема со претпазливост само кога навистина потребно“, објаснува м-р по фармација Мелита Петровиќ, пренесува „Живим.хр“.

Затоа, пред да го земете првото нешто што ќе ви падне на ум, размислете добро и што е најважно, консултирајте се со лекар.