Парализирана поради лекови што ги користат многу жени: Животот на фитнес инструкторка се претворил во кошмар

Фитнес инструкторката остана целосно парализирана, не можејќи да го помрдне ниту нејзиниот јазик, откако нејзиното тело реагирало лошо на таблетите за контрацепција.

Катрина Пара (26) од Венецуела доживеа пекол во 2012 година - прво почувствувала болка во стомакот, вознемиреност и постојан нагон за повраќање. До Божиќ истата година, таа станала толку слаба што добила труење на крвта, поради што била на интензивна нега два месеци.

- Ме сместија во просторија во која секој што ќе влезе мора да биде целосно покриен поради бацилите.

А кога се излечила, симптомите продолжиле, а лекарите биле збунети. „Само што сакав да умрам и кошмарот да заврши“, вели Пара.

Осум месеци откако се разболела, конечно и била дијагностицирана акутна периодична порфирија, генетско нарушување што го ослабнал нејзиниот имунолошки систем а бил предизвикан од контрацептивни пилули. Кога престанала да ги пие, Пара се опоравила. Не постои лек за ова нарушување, но можно е да се контролира ако престанете да земате лекови што го предизвикуваат.


- Моето тело беше парализирано и имаше болка. Болката беше толку силна што ми дадоа морфиум. Лекарите рекле дека тоа е иста болка како и при породување. Две години медицинските сестри доаѓаа секој ден да ми даваат терапија, бидејќи сè уште имав напади. - вели Пара.

Таа исто така раскажа како го изгубила својот глас, не можела ниту да ги помрдне прстите и поради тоа морала да оди на логопед и физиотерапевт. Првиот пат кога имала физикална терапија, заплакала затоа што сфатила дека дури не може да стои сама. Веќе две години нема напади, но нејзините прсти честопати ја болеле. Оттогаш, Пара добро се грижи за себе, не пие апчиња, а исто така не пуши, ниту пие.


Фото: Фејсбук/ Katrina Parrа

Можеби ќе ве интересира:

Ѝ почина штотуку родениот син: Пријателката си го побарала назад подарокот за бебето