ПЕЧАЛБАРСКО СЕЛО ВО ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА: Мештаните не се плашат за себеси, туку за своите деца во Италија

Селото Скудирање во Општина Маврово – Ростуше е печалбарско, а повеќето млади и работоспособни жители се на работа во Италија.

Зурап Куртовски, жител на селото и директор на основното училиште „Блаже Конески“, вели дека од 3.800 жители, околу 2.500 се во Италија. Мештаните ги почитуваат препораките за заштита од коронавирусот, и претежно се во своите домови со најблиските. Набавката на храна не претставува проблем во овие тешки денови.

„Во попладневните и вечерните часови нема човек на улица, сите се дома, освен ако некој има итна потреба. Нашиот крај е печалбарски и повеќето млади се во Италија. Дел од нив се вратија, но има и некои од постарите кои отидоа кај децата во Италија, таму ги затекна кризата, и не се вратени во селото. Јас лично за себеси не се плашам, имам 62 години, тука сум со сопругата, но повеќе мислам за децата кои ми се во Италија. Во нашиот крај печалбарите инвестираат, градат куќи, отвораат погони и тука ја планираат иднината“, вели Куртовски.

Додава дека сега немаат никаков контакт со градот Дебар кој е во кризна состојба, иако се на неколку километри од градот.

Целиот текст, прочитајте го на Фактор.мк