Пееле на улица, а сега им се поклони цела Европа: Кои се Италијанците кои победија на Евровизија?

Рок групата Манескин со 524 поени триумфираше на овогодишнешната Евровизија...

Победата на големото финале на 65 - тата Евровизија која годинава се одржа во Ротердам, Холандија ја однесе Италија и рок групата Манескин, која ја предводи Дамиано Дејвид. Оваа група во 2017 година го освои и високото второ место на музичкото натпреварување „Х - фактор“, а пред тоа жарела и палела на улицие во Рим, каде и ги забележала првите успеси.

Имено, групата Манескин првие јавни настапи ги имала на улиците во Рим на кои ги забавувала случајните минувачи и туристи, а со текот на времето членовите на групата започнале да ги освојуваат и срцата на целиот регион, па и пошироко.

Билетот за Евровизија го добија со победата на овогодинешниот фесивал „Санремо“ со песната „Zitti e buoni“, која уште еднаш им донесе голема среќа и со вкупно 524 поени триумфираше на Евровизија.


Победничкиот тим на Евровизија ги здружил силите во 2015 година, со основањето на групата која ја сочинуваат Дамиано кој е всушност пејачот, Томас Рачи гитарист, Викторија де Анџелис која свири бас гитара и Итан Торчио кој е стои зад тапаните. Оваа четворка се познава од средно училиште, но дури во 2015 година ја основала групата на која ѝ го дале името Манескин, што е дански назив за месечина.