Колку е само слатка! Пенелопе во најкраткиот и најелегантниот фустан, а со новата фризура изгледа многу помладо
Пенелопе Круз напорно работи на промовирање на својот нов
филм „L’Immensita“, па во вторник се појави на прес-конференција во Париз на
која се разговараше за овој претстоен филм. Како и секогаш – убавата Шпанка
едноставно блесна на црвениот тепих!
Актерката му остана верна на брендот Шанел, чие заштитно лице е со години, па секогаш во јавноста носи парчиња од оваа модна куќа.
Овој пат таа избра ултракратно сако-фустанче од црн твид со благ крој во А линија, кој е украсен со светкави копчиња. Пенелопе дополнително го истакна својот струк со црн кожен ремен со украсна тока обложена со циркони.
Фустанот го искомбинирала со дискретни, мрежести хулахопки во боја на кожа и малку ретро лакирани чевли. Огромните, многу ефективни, блескави обетки додадоа гламурозен шмек на целата облека.
Особено ни се допадна фризурата на Пенелопе, инспирирана од 60-тите и легендарната француска актерка Брижит Бардо која често носеше машнички во својата бујна коса. А шминката на убавата 48-годишна девојка е внимателно избрана - кармин во месо боја, златна сенка и дебел слој црн креон.
Фото: Youtube - screenshoot/Инстаграм
Поради оваа исхрана, Пенелопе Круз изгледа младолико: Тврди дека тоа е нејзиниот еликсир на младоста