„Пепелашка“ , инклузивна танцова претстава во МОБ

Добивај вести на Viber

На 9 април во Македонската опера и балет од 20 часот, ќе се одржи премиерата на инклузивната танцова претстава ,,Пепелашка".

Ваков вид на танцова претстава се одржува за прв пат во регинот. Главните ликови се лица со церебрална парализа. Во останатите улоги се членовите на танцовото студио „Еурека“. 

Од студиото велат дека му се радуваат на овој редок настан на кој напорно работат, особено затоа што ќе го отворат 120 деца на сцената. 

Билетите можат да се набават на mktickets.mk и karti.com.mk по цена од 200 денари.