Пепси со гала забава и огномет за 40. роденден

Добивај вести на Viber

Светскиот бренд „Пепси“, кој во Македонија го донесе Прилепска пиварница, со гала забава го прослави својот 40. роденден, во скопскиот ресторан „Рагуза 360“. Огномет, познати гости и убава музика беа дел од прославата која заврши со роденденска торта.

Марјана Станојковска не водеше низ приказната на „Пепси“, кој во земјава е дојден во 1979 и тоа само по еден телефонски разговор. 

За музиката беше задолжена Каролина Гочева и нејзиниот бенд. Каролина испеа дел од нејзините најголеми поп-хитови во нови аранжмани и песните од безвременските проекти „Македонско девојче“, сличен репертоар како на концертите во Филхрамонија во февруари, само во поинтимна атмосфера.  


„ Прилепска пиварница“ ја слави 40-годишнината на „Пепси“ во Македонија со десетици високи признанија од „ПепсиКо“ групацијата: бронзени, сребрени и златни награди за квалитет, како и највисокото признание Chairman’s Circle of Champions за врвни перформанси во работењето. Награда која е толку ретка, што „Прилепска пиварница“ беше единствената фабрика во Европа која ја доби таа година.

По 40 години и повеќе од 50 милиони долари инвестирани во Македонија за маркетинг и производство од „Прилепска пиварница“ и „ПепсиКо“, брендот „Пепси“ продолжува да биде исклучително силен чинител во македонската економија. Во тек е и наградна игра за прослава на јубилејот, во која секој ден од овој месец еден купувач на „Пепси“ добива по 40.000 денари, а на 1 јули сите недобитни учесници ќе учествуваат во извлекувањето на големата награда од 400.000 денари.


Фото: Вангел Тануровски