ПЕТ ПАТИ ИМАЛА КЛИНИЧКА СМРТ, СЕГА ДОБИЛА И ЦИСТИЧНА ФИБРОЗА: Тинејџерка од Белград е медицински феномен, не се предава
Медицинската документација на Наталија Стевановиќ (18) од Белград ја класифицира како медицинско чудо, а дека е така покажуваат нејзината насмевка и храброст. Родена е мртва, но не се предава како божицата на победата - Ника, како што ја нарекуваат најблиските!
Таа е родена без знаци на живот во 22-та недела од бременоста. Ја оживеале со реанимација, иако никој не верувал дека ќе преживее. Таа била на респиратор и долго време во инкубатор поради што добила страбизам, и треперење на очите. На петгодишна возраст доживеала страшна сообраќајна несреќа и тогаш имала дури три пати клиничка смрт од вкупно пет. Последиците од несреќата се скршеници на бутна коска, потрес на мозокот, фрактура на черепот, хематом, пукање на белодробно ткиво, внатрешно крварење, крварење во мозокот, епилептичен статус. Била во многу критична состојба. Повеќе по темата прочитајте на фактор.мк