ПЕТ СОВЕТИ за среќа според вашиот хороскопски знак
Клучот за да живеете во склоп со вашата природа и карактер, е во среќата и стабилноста. Прочитајте ги советите за вашиот знак и подигнете го квалитетот на вашиот живот на повисоко ниво.
Овен
Секое утро одвојувајте по 20 минути за себе – за кафе, за туширање или за музика – тоа ви е важно.
Што и да ви кажат другите, ако вистински сакате нешто тогаш работете на тоа, затоа што нема да се откажете сè додека не успеете или паднете.
Подредете си ги приоритетите и посветувајте повеќе време на луѓето кои го заслужуваат тоа. Престанете да се трудите околу односите кои не водат никаде.
Секој ден шетајте, возете велосипед и слично. Движењето ви е потребно.
Не се срамете од своите каприци, прифатете ги и ќе бидете помалку нервозни.
Бик
Бидете сигурни во себе и во своите ставови, дури и кога сте разочарани. Сомневањето во себе може да ве доведе до депресија.
Не пропуштајте да си угодите себеси, но строго поделете го времето за уживање и за работа.
Работете на емпатијата и почесто ставајте се во позиција на другите со цел подобро да ги разберете.
Научете дека претераната гордост може да биде вашиот непријател, односно таа може да ве оддалечи од луѓето кои ги сакате.
Бидете добар пријател. Пријателствата се највредните врски во вашиот живот.
Близнаци
Учете и читајте, тоа го чува мозокот и ја одржува вашата љубопитност. Немојте да ги запоставите тие работи.
Одржувајте го во вашето хоби, дури ако имате малку време, затоа што без забава вие паѓате во депресија.
Немојте да се венчате без претходно да живеете со личностa барем една година.
Барајте стабилен пријател кој ќе знае да ве советува кога треба да „прикочите“.
Не задоволувајте се со работи кои не ве интересираат. Образувајте се дополнително и обидете се да пронајдете нешто што ви се допаѓа.
Рак
Движете се помалку во друштва кои оговараат, вие ги впивате негативните емоции и размислувања како сунѓер.
Не пропуштајте прилика да се дружите со вашето семејство и пријателите, таквата енергија ве храни.
Подредете ги приоритетите во работата, не дозволувајте да работите цел ден, а следниот да одмарате. Вам ви треба рутина.
Вежбајте ја довербата во другите луѓе, давајте им шанса да станат подобри.
Гответе и уживајте во добрата храна.
Лав
Немојте да се извинувате за тоа што сакате внимание, љубов и убаво однесување, пронајдете луѓе кои знаат тоа да ви го дадат.
Не ги прикривајте фрустрациите, тие секако ќе испливаат на површина десет пати појаки и полоши, а вие ќе испаднете незрели. Бидете директни и искрени.
Не го заземајте последното место во работата, нема да сте среќни ако не сте одговорни за нешто.
Преку спорт, уметност, танц или музика, трошете ја вашата енергија и реализирајте ја вашата страст.
Обидувајте се што почесто да се дружите и да водите активен социјален живот со различни личности.
Девица
Помагајте им на луѓето околу вас, со тоа вежбате емпатија и подобро ќе се чувствувате.
Прифатете се себеси онакви какви што сте и немојте да им се правдате на другите, дружете се со оние кое го делат вашето мислење и ставови.
На работа, не ги прифаќајте работите премногу лично. Ако не сте задоволни, стекнете искуство и барајте нешто друго.
Не се плашете поради прекинувањето на лошите врски, посилни сте отколку што мислите.
Земете си домашно милениче, тие се голема утеха за вас.