Пијанистките Мазнејкови со 194 настапи: Им се насмевнува светска слава

Тие се две сестри кои доаѓаат од Струмица. Ана Мазнејкова има 9 години и е четврто одделение во ОУ „Видео Подгорец“, а Ивана Мазнејкова има 13 години и е осмо одделение во истото училиште. Двете имаат заедничко хоби, иако за Ивана повеќе е идна професија, а тоа е свирењето пијано. Па, така и двете го посетуваат основното музичко училиште „Боро Џони“ - Ана е во класата на нивната мајка Ленче, а Ивана во класата на нивниот татко Зоран.

Кога за првпат седнавте зад пијаното?

Ана: Во нашиот дом имаме две пијана, па средбата со инструментот ја имав уште од најмала возраст. Тогаш, пијаното за мене беше играчка и на него ги истражував звуците. Инаку првиот јавен настап го имав на тригодишна возраст кога настапив на карневалскиот концерт кој го организираше музичкото училиште. Бев многу среќна после тој настап.

Ивана: И јас како и мојата помала сестра Ана, средбата со пијаното ја имав уште од најмала возраст. Првиот настап пред публика го имав на тригодишна возраст во основното музичко училиште, на концерт, заедно со учениците во класaта на мојата мајка. А, првиот настап надвор од Македонија го имав на четиригодишна возраст, на меѓународен натпревар во Белград. 

Целото интервју на овие две млади пијанситки прочитајте го на Хаштаг.мк