Моден фокус // Трендови
Питомиот гламур во црно на дивата за 2023: Но еден фустан се издвои од сите
Полека изминува и оваа година. Поп дивата Каролина Гочева и во 2023-та не намали со одличниот стил. Кога работите ги движи во континуитет, се се врти околу неа, а таа знае да создаде магија.
Интересно е тоа што токму во креации кои ја имаат црната боја таа доминираше скоро на сите појавувања. Црното во модата значи отменост и префинетост ако знаете како. Таа знаеше. Токму последниот изглед што го постираше на социјалните мрежи е можеби врвот на питомиот гламур во црно на Каролина.
Еве како е сето тоа сведено до совршенство и може да ви послужи како пример за облекување на Новогодишните празници:
А ова се меѓу другите, креациите во црно со кои се претстави на сцената и приватно за оваа година:
Фото: Инстаграм