Платила 2 илјади долари за естетски зафат, а потоа следел хорор: Поради ова не може да си прости!

Подигнувањето на веѓите е третман кој стана вистински хит, може да биде добра опција кога веѓите се ниско поставени, или кога се опуштени, па поради тоа и горниот капак е опуштен, но како и секоја естетска процедура и оваа носи одредени ризици, а вистински пример за тоа е манекенката Џеси Кар (21).

Младата манекенка остана со рогови на челото откако направи тренди подигање на веѓите. Таа преку својот профил на ТикТок ги предупреди фановите никогаш да не го прават тоа:


„Тоа е нешто за што жалам најмногу во мојот живот!“ 

Имено, Џеси како резултат на операцијата добила испакнатини на двете страни на челото, а за тој хорор платила две илјади долари во октомври 2021 година.

Оваа процедура требало да ѝ помогне да создаде атрактивен изглед на „мачкини очи“, кој се постигнува со подигање на аглите на веѓите.

Процедурата вклучува вметнување биоразградливи нишки под кожата за да се подигнат веѓите, а многу познати личности го поминале овој процес и биле воодушевени од резултатите, но Џеси никогаш не очекувала дека таа одлука ќе ѝ се претвори во кошмар.

Откако ги ставиле конците, Џеси почнала интензивно да отекува, таа тврди дека така била две недели. Кога отокот се смирил и секоја модринка зараснала, нејзините веѓи изгледале подигнати, но тоа било краткотрајно.


Фото: ТикТок/Инстаграм