,

„Playboy“ ќе престане да излегува како списание?

Добивај вести на Viber

Според издавачите на познатото списание „Playboy“ можно е да престанат да го издаваат во печатна верзија. Како што објави американскиот весник "Волстрит журнал", раководството на компанијата „Playboy Enterprises“ која го издава „Playboy“ сериозно се размислува за иднината на печатената верзија на списанието, иако конечната одлука се уште не е прифатена. [caption id="attachment_11371" align="aligncenter" width="606"] Elizabeth Elam is on the cover of Playboy's March-April 2017 issue, the magazine's first to feature nude women after a one-year ban.[/caption] Забележано е дека контролниот удел на „Playboy Enterprises“ сега е во рацете на „Rizvi Traverse“. Шефот на „Playboy Enterprises“ Ben Kon е партнер во неа. Во исто време 35% од делот во „Playboy Enterprises“ му припаѓаше на основачот на „Playboy“ Хју Хефнер, кој почина во септември 2017 година. Овој дел е сега во сопственост на неговите наследници. Тие, според извори на „Волстрит журнал“, моментално преговараат за продажба на овој удел на Ризви Траверс. Меѓу Хефнер и Ризви Траверс имаше одредба, според која печатената верзија на „Playboy“ нема да престане да излегува, додека основачот на списанието е жив. Во публикацијата се наведува дека во последниве години печатената верзија на машкото списание била непрофитабилна и циркулацијата паднала неколку пати. Важен извор на приходи за „Playboy Enterprises“ беше трансферот на „Playboy“ правата за користење на брендот на други компании. Кон вели дека во иднина „Playboy Enterprises“ ќе посвети посебно внимание на ваквите договори поврзани со брендот. Претставниците на „Playboy Enterprises“ и Ризви Траверс не го коментираа пишаното. Списанието „Playboy“ излегува во повеќе од 20 земји. Во САД, списанието датира од 1953 година.