По 6 години граѓански брак се заколнаа на вечна љубов пред Бога: Гоца Тржан не носеше венчаница, но беше отмена и елегантна (ФОТО)

Пред 6 години тие склучија граѓански брак, а сега ја крунисаа својата љубов пред Бога

Пејачката Гоца Тржан и нејзиниот избраник, тапанарот Радомир Раша Новаковиќ, се венчаа во црква.

Пејачката на својот Инстаграм профил сподели видео од црквата, а веста за венчавката изненади многумина, имајќи предвид дека Гоца успеа да ја скрие оваа информација од медиумите. 

Невестата носеше бел елегантен костим наместо венчаница, додека младоженецот имаше темен смокинг.

Да потсетиме, Гоца и Раша се венчаа во 2015 година, а сега, по шест години брак, решија да се заколнат во вечна љубов и во црквата. 

Пред тапанарот, пејачката беше омажена за Иван Маринковиќ, со кого ја има четиринаесетгодишната ќерка Лена.


Фото: Instagram / daniboracheva

Можеби ќе ве интересира:

Знаеме како изгледа сопругот на Гоца Тржан: Еве што прави и како изгледа деверот на пејачката