По долго време, Северина објави видео со нејзиниот син: Tи благодарам што ме убеди

Северина престојува на Плитвичките езера веќе неколку дена, а денес на својот Инстаграм профил откри дека со неа е и нејзиниот син Александар.

Имено, пејачката објави видео во кое се спушти со зиплајн, а додека се подготвуваше, ја бодреше нејзиниот деветгодишен син.

„Благодарам, сине, што ме убеди ...“, напиша пејачката покрај видеото што го сними Александар.

„Не сакав да одам, но јас ќе бидам прва што ќе ви покаже дека сè е можно“, рече Севе пред спуштањето.

„Мамо, мамо. Гледај, ова те држи и ќе застанеш вака“, се слуша Александар како вели на видеото.


„Браво мама“, „Една е мајка“, „Мама, па ти си јунак“, „Браво Севе“, се само дел од коментарите под објавата.

Потсетуваме, на крајот на 2019 година, судијата Теа Голуб донесе привремена мерка и одлучи синот на Северина Којиќ и српскиот претприемач Милан Поповиќ да продолжи да живее со неговиот татко, кој самостојно ќе се грижи за здравјето и образованието на детето. Одлуката стапи на сила веднаш, па затоа жалбата на Северина не можеше да ја одложи.

Во сила е и судска одлука со која се забранува Северина да објавува фотографии и снимки од нејзиниот малолетен син на социјалните мрежи.


Фото и Видео: Инстаграм/Северина