По петти пат ќе стане татко: Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез очекуваат близнаци (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Еден од најдобрите светски фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо, по петти пат станува татко откако објави дека со својата избраничка Џоргина Родригез очекуваат близнаци.


Откако оваа прекрасна вест за рекордно време ја обиколи планетата, славниот Португалец преку својот Инстаграм профил сподели фотографија со сопругата на која се гледа фотографија од првиот ултразвук која ја воодушеви публиката.


„Со задоволство можеме да објавиме дека очекуваме близнаци. Нашите срца се полни со љубов, едвај чекаме да ве запознаеме“, напиша фудбалерот покрај емотивната фотографија. 

Кристијано е татко на четири деца, три доби преку сурогат мајка, а четвртото го доби со Џорџина, девојчето Алан Мартина, а Кристијано јуниор и близнаците Ева и Матео се родени со вештачко оплодување. Имињата на мајките никогаш не беа објавени, а децата се родени во Ла Меса, Калифорнија, во близина на границата со Мексико.

Да потсетиме, на платформата Нетфликс е најавена нова серија наречена „Јас сум Џорџина“, која го следи животот на Родригез, а по информацијата за бременоста, публиката со нетрпение очекува невидени кадри.

извор:GLOSSY