По породувањето се разбудила со страшна деформација: “Срам ми е да погледнам некого в очи, а ни лекарите не се од помош“

Легнала за да спие, а наутро кога се разбудила изгледала како друга личност

Гледис Ворден од Тексас во ноември 2017 година ја родила ќерката Мила, а само четири дена подоцна се разбудила со деформирано лице - веѓите и биле на различни места, еден дел од усната и бил опуштен и имала отечен јазик, пишува The Sun.

Мајката (28) добила Белова парализа - ненадејна и еднострана парализа на седмиот церебрален нерв од непозната причина. Оваа парализа ја погодила мајка ѝ на Гладис дури три пати.


Симптомите вклучуваат неможност за движење на лицето и слабост, а нејзиниот гинеколог објасни дека оваа состојба често ги погодува жените кои штотуку родиле.

Гледис почнала да истражува како да ја реши оваа состојба, а на третмани потрошила повеќе од три илјади евра. Таа дури отишла и на акупунктура, но ништо не ѝ помогнало. Една клиника во Калифорнија предложила ботокс и неврохирургија, за што Гледис, за жал, нема пари.

Ја изгубила самодовербата, и шест месеци не објавувала ништо на својот блог чија тема е модата.



- Се срамам да ги погледнам луѓето во очи и секој разговор го започнувам со тоа што прво ќе се оправдам зошто изгледам вака. Луѓето само зјапаат во мене. Како модна блогерка, шест месеци ја избегнував камерата. Ми беше тешко да ги погледнам моите фотографии – изјавила Гледис.

Љубовта кон модата ја заменила со љубов кон фитнесот.

- Знаев дека не можам да контролирам како изгледа моето лице, но можам да го контролирам своето здравје и како изгледа моето тело. Си поставив цел која навистина ми ја врати самодовербата.

Таа полека го прифаќа својот изглед, но не се откажува од барањето третман кој ќе ѝ помогне да си го врати старото лице. Таа се надева дека ќе ги инспирира другите дека оваа состојба не ги одвраќа да уживаат во животот.


- Се сеќавам колку ми беа нерамни веѓите и како не можев да разберам зошто е тоа така. Потоа и јазикот ми отече и мојата усна се опушти. Не се исплашив бидејќи тоа и се случи на мајка ми три пати. Се јавив на гинекологот и ми кажа дека тоа често им се случува на жени кои штотуку родиле, а за помош ми предложи да почнам да земам стероиди.

Потоа Гладис почна да оди кај хиропрактичари, акупунктура, оториноларинголози и магнетна резонанца - сепак, овие професионалци не можеа да ја најдат причината за нејзината состојба или да ја поправат.

- Секако, никој не мислеше дека никогаш нема да закрепнам, ретко се случува луѓето да не закрепнат, но со текот на времето запознав толку многу луѓе преку социјалните мрежи кои се како мене, па ми помогна да се чувствувам помалку осамена - вели Гледис која добила безброј пораки и поддршка од луѓе преку социјалните мрежи.


Фото: Инстаграм