По ширењето на британскиот сој, заштита само со маските FFP2, KN95, N95: Ќе се менуваат ли мерките на заштита и кај нас?
Британскиот сој на вирусот, кој според научниците има многу побрза трансмисија, дури и за 70 отсто, веќе е детектиран во повеќе од 70 земји во светот, а во некои од земјите на Европската Унија придонесе властите да препорачаат поинаквни мерки на заштита.
Конкретно, во Германија, во однос на носењето на маските, освен што се задолжителни, мора да се носат од оние специјализирани FFP2, KN95 или N95, кои имаат многу повисоко ниво на заштита. Некои од македонските граѓани кои живеат во оваа најсилна европска држава, за Фактор велат дека ваквите маски станале задолжителни од почетокот на годинава, односно веднаш откако е регистриран новиот сој на вирусот, т.н. британски, кој во Велика Британија се појави месец-два пред крајот на 2020 година.
-Тука во Саксонија мора исклучиво да носиме специјализирани маски. Тоа се оние кои се купуваат само во аптеките, односно FFP2, KN95 или N95. Властите сметаат дека даваат поголема заштита особено од новиот британски сој. Проблемот е што сега според новите протоиколи ваквите маски брзо се трошат, па нема во секое време да се купат, а без нив, лицата кои ги обезбедуваат маркетите и другите иснституции, на пример, банките, поштите, не пуштаат никого без таква специјализирана маска. И да имате каква било друга маска, платнена, оние дизајнираните, да ставите бандана, или шал, едноствано сметаат дека немате сооодветна заштита и не ве пуштаат, вели една македонска државјанка која веќе четири години живее во германската покраина Саксонија.
Текстот продолжува на Фактор.мк / Анита Буховски