По скандалот на Окарите, се огласи Вил Смит: Моето однесување беше неприфатливо и неопростливо

Овогодинешното 94-то доделување на наградите Оскар, кои ги доделува Академијата за филмски уметности и науки, го одбележа скандалот кој го предизвика актерот Вил Смит, кој му удри шлаканица на колегата Крис Рок.

Актерот кој зема Оскар за најдобра машка улога, конечно се огласи на својот Инстаграм профил.

Да потсетиме, се започна кога Рок сакаше да биде смешен, па се пошегува на сметка на сопругата на Вил Смит, Џејда Пинкет-Смит. Вил стана, а потоа го удри колегата, а скандалот продолжи да се прераскажува на социјалните мрежи.

По повод овој инцидент се огласи Смит, а пораката ви ја пренесуваме во целост.

„Насилството во сите негови форми е отровно и деструктивно. Моето однесување на Оскарите беше неприфатливо и неoпростливо. Шегите за мене се дел од работата, но шегите за здравјето на Џејдa беа премногу за мене и реагирав емотивно.

Би сакал јавно да се извинам, Крис. Бев бесен и згрешив. Се срамам од моите постапки, кои не се постапки на личноста што сакам да бидам. Нема место за насилство во светот на љубовта и добрината.

Сакам да се извинам и на Академијата, на продуцентите на шоуто, на сите присутни и на сите што го гледаа преносот ширум светот. Би сакал да му се извинам на семејството Вилијамс и на моето семејство на кралот Ричард. Длабоко жалам што моето однесување го оцрни она што инаку беше прекрасно патување за сите нас“.

Академијата за филм, уметност и науки, која ја организираше церемонијата, реагираше на скандалот што избувна пред две вечери на 94-тото доделување на Оскарите.


Во соопштението се вели дека „ќе ги истражи понатамошните дејствија и последици“ во согласност со калифорнискиот закон и стандардите на однесување.

„Инцидентот фрли дамка на она што требаше да биде најголемата холивудска ноќ за славење и ги засени достигнувањата на другите“, изјави за Би-Би-Си член на Академијата за филм, уметност и науки, која ја одржува церемонијата на Оскар.

Инаку, се појавија гласини дека комичарот, Крис Рок не знаел дека Џејда има алопеција.


Фото: Инстаграм

Фото насловна: Youtube - Guardian News

Видео: Youtube 

И наша позната новинарка ја има: Оваа е болеста со која се бори сопругата на Вил Смит