И наша позната новинарка ја има: Оваа е болеста со која се бори сопругата на Вил Смит

Добивај вести на Viber

Синоќа, актерот Вил Смит бурно реагираше на Окарите откако водителот се пошегува на сметка на неговата сопруга

Крис Рок на шега се пошегува на сметка на избричената глава на Џејда Пинкет Смит, споредувајќи ја со изгледот на Деми Мур во филмот „G.I. Jane“. Рок рече дека едвај чека да ја види Пинкет Смит, која има алопеција, како глуми во филмот „GI Jane 2“, а потоа Вил се качи на бината и му удри шлаканица на колегата.

Џејда Пинкет Смит, холивудската ѕвезда и сопруга на Вил Смит, минатата година првпат отворено проговори за опаѓањето на косата и за проблемот со кој се бори веќе извесно време. Актерката од 2018 година се бори со алопеција, ретко автоимуно нарушување кое се манифестира преку опаѓање на косата.

Ова сознание претходно шокираше многу нејзини обожаватели, а реакциите на актерката по ова прашање го воодушевија целиот свет.


Ѕвездата од серијата „Gotham“ кажа дека нарушувањето на имунолошкиот систем и алопецијата влијаат на нејзиниот изглед.

„Морам да го покажам ова за никој да не мисли дека сум имала операција на мозокот. Алопецијата и јас ќе бидеме пријатели. Не ми останува ништо друго освен да се смеам. Знаете дека страдам од алопеција и еден ден само се појави оваа линија. Ова е малку потешко да се сокрие, па ќе ви покажам за да не започнат да се раскажуваат различни приказни “, изјави Џејда.

Инаку, и нашата позната водителка Цеце Николова пред точно една година откри дека страда од алопеција.

Храбро и целосно своја таа лани застана пред објективот и покажа како изгледа, но тогаш раскажа дека ѝ требало време да го прифати тоа и дека воопшто не ѝ било лесно.


Фото насловна: The Telegraph/Guardian News

Откако ми паднаа 95% од трепките мислев дека ќе доживеам нервен слом: Водителката Цеце за алопецијата и себеприфаќањето