Најголемиот скандал во историјата на Оскарите - Вил Смит му удри шлаканица на Крис Рок: Не го спомнувај името на мојата сопруга (ВИДЕО)
Вил Смит синоќа дефинитивно ги одбележа Оскарите, не само што доби Оскар за најдобар актер, туку и физички се пресмета со колегата Крис Рок, кој ја објави категоријата за најдобар долгометражен документарен филм.
На интернет кружат фотографии и снимки од овој бизарен момент, а Смит му удри шлаканица на Рок бранејќи ја честа на својата сопруга Џејда Смит.
Имено, Рок се пошегува на сметка на нејзината фризура, споредувајќи ја со Џи Ај Џејн, акционата хероина од истоимениот филм, која во 1997 година ја глумеше Деми Мур со избричена глава.
По овој коментар, со оглед на фактот дека Џејда со години боледува од алопеција и таа јавно го призна тоа, Вил одеднаш се качи на сцената и му удри силна шлаканица на комичарот.
"Не го спомнувај името на мојата сопруга! Затвори ја е**ната уста", извика славниот 53-годишен актер, оставајќи ги сите свои колеги во целосен шок и чудење.
И додека Рок се обидуваше целата ситуација да ја претвори во шега и да ја направи комична, очигледно беше дека е вознемирен и шокиран. „Тоа беше најлошата ноќ во историјата на телевизијата“, цинично прокоментира тој, продолжувајќи незгодно со програмата.
Присутните останаа во неверување отакако во првите неколку секунди не знаеа дали се работи за скеч, договорен момент или навистина се случува.
Твитер буквално изгоре по оваа сцена, која веќе го доби епитетот „легендарна“, а додека некои сметаат дека инцидентот бил добро режиран, многумина сметаат дека актерот навистина реагирал импулсивно, бидејќи е познат по тоа што буквално „гризе“ кога е во прашање неговата сакана сопруга.“
Неколку минути подоцна, Вил Смит повторно се качи на сцената, но овој пат за да го земе Оскарот за најдобар актер, извинувајќи се низ солзи на Академијата и присутните за инцидентот, но не конкретно и на Рок.
- Изгледам како луд татко. Но љубовта те тера да правиш луди работи, изјави Оскаровецот, подигнувајќи ја наградата.
„Дејли мејл“ објави дека Рок не поднел кривична пријава против Смит, но доколку поднесе, ќе биде покрената истрага за прекршувањето. Се уште не е познато дали Академијата на кој било начин ќе го казни актерот за овој испад.
Вил Смит на Инстаграм објави видео со сопругата со описот:
-Се дотеравме вака за да избереме хаос...
фото:Profimedia