Животна училница // Приказни
Новинарката Цеце Николова ја извади периката и храбро се фотографираше: Од кога знам за себе живеам со алопеција
фото:Maртина Трајковска
„Се преморив од перики носење“ - новинарката Цеце Николова има алопеција и среќна е, затоа што од неа не се умира.
24-годишната успешна македонска новинарка храбро ја извади периката и застана пред фото-објективот покажувајќи како изгледа, но раскажува дека ѝ требало време да го прифати тоа и воопшто не ѝ било лесно.
„Хај. Сакав да ви кажам нешто.
Ова сум јас. Драго ми е што се упознаваме.
Од кога знам за себе живеам со алопеција. Пред 3-4 години некако проценив дека баш во 2021-ва ќе ја извадам периката (која и да е и каква и да е) и ќе се сликам без неа - со коса, кратка.
Ама, кај мене никогаш нешто планирано не се десило. Одувек.
Пркни малку, падни многу, пркни повеќе - падни највеќе.
2021-ва дојде. Ја, еве, се сликам без перика.
Ова сум јас, луѓе.
Малку се преморив од перики и све што носат тие со себе. Многу внимавање, многу стрес (непотребен) - мрежа се гледала, корен немало, се лизга, ќе ми падне, овој ме гледа, оној примети, онаа рекла се занасам нешо...
Среќна сум што имам алопеција, зошто од неа не се умира! Само, еве, изгледам како што изгледам. Ама, фала богу што изгледам како што изгледам.
Ова не е ништо друго освен многу работа на себе, многу, многу стрес преживеан, многу работи извадени од под тепих - заборавени една деценија, и вртење на еден нов, многу вистински животен лист.
И, стварно нема поубаво од кога ќе се прифатиш каков што си.
Ама нека не ве лажат, лесно не е ич“, напиша на фејсбук водителката.
Со овој чекор, Цеце ги охрабрува сите кои се соочуваат со оваа или слична состојба, да се прифатат какви што се, иако признава дека е тежок тој процес и пат на себеприфаќање, но битно е дека не се сами.
Алопеција е автоимуна болест, при која имунолошкиот систем, кој е задолжен да го штити организмот од надворешни елементи како што се вирусите и бактериите, по грешка ги напаѓа фоликулите на косата, ситните структури во облик на чашиче од кои расте косата. Карактеристично за алопецијата е опаѓање на косата.
Утринско кафе со Цеце Николова: Најмногу време поминувам на Инстаграм