Откако ми паднаа 95% од трепките мислев дека ќе доживеам нервен слом: Водителката Цеце за алопецијата и себеприфаќањето

Добивај вести на Viber

„Што ти е на окото? Болна си?“ - Не дечки, другарка ми, алопеција е. 

Инспиративна, своја и секогаш искрена, водителката Цеце Николова, во март минатата година, храбро застана пред објективот и на социјалните мрежи со фотографија без перика откри дека има алопеција. Цеце тогаш искрена до срж, напиша: „Среќна сум што имам алопеција, зошто од неа не се умира! Само, еве, изгледам како што изгледам. Ама, фала богу што изгледам како што изгледам“. Таа за Женски магазин зборуваше и за своето детство и за тоа дека е дете од СОС Детско село. А годинава беше избрана за херој на 2021 од реномираниот balkaninsight.com

Вчера, Цеце раскажа и дека и паднале 95% од трепките на десното око, за што прво се грижела како ќе изгледа со шминка, но научила да се прифати себеси иако често добива коментари и прашања дали е болна и што ѝ е на окото. Но тоа е една од карактеристиките на алопецијата, а Цеце со ова повторно ги охрабрува сите кои се соочуваат со оваа или слична состојба, да се прифатат какви што се, иако признава дека е тежок тој процес и пат на себеприфаќање, но битно е дека не се сами.

- Откако ми паднаа 95% од трепките на десното око (сликана сум со предна камера), кога мислев дека ќе доживеам нервен слом пред првото шминкање на кое нема да можам да ставам римел и после кое најверојатно ќе изглеам ко болна (а притоа не би ставила вештачки трепки) - ја почнав да уживам цртајќи си ја устата. Али, буквално да уживам.
Па така, иако без трепки на едно око, си добив супер начурал бјути изглед и едвај го чекам секој нареден ден за ново, многу внимателно цртање на устата.
* Трепкиве не се мрднати од септември навака, ама стварно не ме интересира. Но, ради нив знаат да прашаат - што ти е на окото? Болна си? Мислам дека имаш јачмен.
Не дечки, другарка ми алопеција е. 
Успат, многу ја сакам сликава, јер ред липс се ред липс и без трепки и без коса, нели?