По стар бабин рецепт и без конзерванси: Подгответе пеглана пиперка и уживајте во текот на зимата

Добивај вести на Viber

Фото: printscreen/youtube/Roasted paprika with garlic from a jar - preparation for winter/My kitchen Tanja

Вашата зимска полица нека биде збогатена со уште едно совршено јадење.

Состојки: 

5 кг црвени пиперки

100 гр шеќер

500 мл масло

2 глави лук

500 мл оцет

200 гр сол

сушен магдонос

1 лажичка бибер во зрна



Подготовка: 

Најпрво треба добро да ги измиете пиперките и да ги исчистите од семките. После тоа, исечете ги на малку подебели ленти. После тоа, време е да ги подготвите пиперките.

Наредете еден ред пиперки, посипете ги со сол и шеќер, а потоа сè прелијте со оцет и масло. После тоа, повторете ја постапката додека не ги потрошите сите состојки и оставете ги пиперките да отстојат неколку часа или преку ноќ.

Потоа, кога ќе омекнат, наредете ги во стерилизирани стаклени тегли каде меѓу нив ќе додадете магдонос, лук и бибер во зрна. На крај сите пиперки покријте ги со смесата која остана од пиперките и притиснете ги со пластична решетка.

Чувајте ги на темно и ладно место!


*пр објава