По светски терк: Туна Сејдиу со трансформација која „боде очи“

Добивај вести на Viber

Пејачката Туна Сејдиу на јавноста и е позната како убава русокоса дама, која секогаш внимава на својот изглед и жена која ги следи светските трендови во светот на модата и музиката.

Таа е посветена мајка на синовите Тиан и Зен, кои ги има од бракот со Патрис Бериша, а сега Туна изненади со промената која е повеќе од очигледна и која ја сподели на Инстаграм.

Имено на фотографиите кои пејачката ги сподели со јавноста има интензивна црвена коса. 


Дали промената на Туна е за подолг период, или за потребите на некој проект останува да видиме. Но едно е сигурно, оваа боја на коса ѝ стои одлично.

Инаку, таа се прослави во музичкото шоу „Плеј-потрага по ѕвезда“ со нумерата „Најди ден, најди ноќ, најди време“. Сними повеќе песни на македонски јазик, а се натпреваруваше и на националниот евровизиски избор со песната „Прашувам без глас“ пред комплетно да се повлече од македонската естрада.


Фото: Инстаграм -  Туна Сејдиу

Можеби ќе ве интересира:

Ретро забава во духот на 80-тите: Туна Сејдиу на уникатен начин го прослави 36-от роденден (ФОТО)