По три години во Валандово повторно ќе ечи македонската песна, од грлата на фолк-ѕвездите
По три години македонските фолк ѕвезди, младите изведувачи, авторите ќе бидат присутни на 35. издание на„ Фолк Фест Валандово“, кој ја прекина традицијата поради Ковид пандемијата. Точниот термин на одржување се уште не е потврден, но општина Валандово започна со организација на настанот. Покрај фестивалскиот дел ќе се одржат и неколку пропратни активности, во градот кој живее во духот на фолк -фест и на песната како свој симбол. Фестивалот ќе се одржи на сцената во салата „Јанко Узунов“.
-Во однос на пандемијата, активно ги следиме сите здраствени протоколи и пропишани мерки и истите ќе ги спроведеме со цел заштита на секој човек кој е дел од фестивалот. „Фолк- Фест Валандово“ е еден од симболите на нашата заедница кој опстојува децении и традиција која се се надградува со генерации. На фестивалот се испеани огромен број новокомпонирани фолк песни кои претставуваат македонска вредност и голем број од нив се целосно обнародени во македонското секојдневие. „Фолк Фест Валандово“ создава култура и е од исклучителна важност за македонскиот идентитет – ни изјавија од општината.
Конкурсот за прием на песни ќе трае до крајот на месцот. Организаторот, со авторите чии дела ќе бидат избрани на конкурсот, ќе склучи договор и ќе им исплати надомест во износ од 30.000,00 денари. Со склучување на договорот, авторите имаат обврска на организаторот да му ги пренесат правата за прво јавно изведување, за радиодифузно емитување, за тонско и видео снимање, умножување и продажба на носачи на слика и звук, објавување на тонските и видео записите на интернет и друго, како и право организаторот овие права да ги пренесува на трети лица.
С.А.Н
ГАЛЕРИЈА: