Култура // Настани
Победата на „Макфест 2018“ ја однесе Антонија Гиговска
Антонија Гиговска е овогодишната победничка на музичкиот фестивал „Макфест 2018“.
Со нумерата „Никогаш не вели никогаш“ и 30 освоени гласови таа го освои првото место на реномираниот фестивал.
Роберт Билбилов со „Чудни места“ го освои второто место додека на трето место се пласираше Дани Димитровска со нумерата „Време“.
Наградата за најдобар дебитант на фестивалот „Душан Љубисављевиќ - Дуле“ оди во рацете на младата Мина Блажев со нумерата „Во други души“.