Победничката на Евровизија не е веќе ваква: Кончита после Евросонг му се врати на Томас

Кончита ги изненади сите со своето појавување на Евровизија во 2014 година, а денес изгледа сосема поинаку.

Кончита Вурст победи на Евровизија пред седум години и со тоа ја разбранува цела Европа, рушејќи ги табуата и предрасудите.

Кончита, односно Томас Том Нојвирт има 33 години, а музиката и понатаму е центарот на нејзиниот свет.


Иако по победата и се предвидуваше успешна меѓународна кариера, таа остана фокусирана само на родната Австрија и е далеку од онаа која и се насмевна во 2014 година.


Роден е во Гмунден, Горна Австрија, а израснал во Бад Митерндорф во провинцијата Штаерска. Првпат се појави на телевизија во 2006 година, кога учествуваше во шоуто „Старманија“, каде го освои второто место.


Една година подоцна, тој стана член на бој-бендот „Jetzt anders“, а по неговото распаѓање, тој се смири и неговата пејачка кариера стана помирна.

По завршувањето на училиштето за моден дизајн во 2011 година, тој учествуваше во шоуто „Голема шанса“, кога првпат излезе во јавноста како Кончита Вурст.


Покрај машките соработки кои ги имаше по победата на натпреварот, следеа и многу модни понуди. Таа носеше модели од Жан Пол Готје, но и од Карл Лагерфелд. Таа напиша и книга и му го позајми гласот на анимираниот херој во филмот „Пингвините од Мадагаскар“.

Кончита, која отсекогаш се чувствувала како жена заробена во машко тело, минатата година одлучила да се откаже од имиџот на долга коса со густа брада и да скокне назад во нејзината машка кожа.

Австрискиот пејач сега помалку се шминка, има кратка коса и брада, а тешко дека во него се крие ликот на поранешната евровизиска победничка. Но, по потреба, Томас сепак се шминка и носи провокативни парчиња.


Многу европски медиуми по неговата победа објавија дека неговиот имиџ на травестит е всушност чист маркетинг, а се шпекулираше дека зад сето тоа стои голема сума пари што ја добил за да се претстави во јавноста.

Да потсетиме, Кончита во 2018 година јавно призна дека е ХИВ позитивна и дека со години оди на лекување.

Фото: Инстаграм