ПОБЕДНИЦИТЕ НА СРЕДНОШКОЛСКАТА РЕВИЈА НА „МОДА ОД ЃУБРЕ“ : Два месеци ги правевме фустаните
Учениците од триесет и пет средни училишта од Македонија направија облека од материјали кои 75 проценти се рециклираат. Сите воодушевија со својата креативност, а за целиот настан се искористени 3,500 килограми отпад
Горјана Мицевска, Божица Граматикова и Бојана Здравковска се трите девојки од СОУ „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка кои вчера ги собраа симпатиите на жирито и на публиката, како победници на седмата по ред „Мода од отпад“. Средношколките од втора година, под менторство на професорот Роберт Цветковски ја содадода оригиналната креација од материјали за рециклирање, „Третиот елемент“. Темата на овогодинешниот настан беше „Мода од иднината“, а моделот на победничките зборува токму на таа тема.
Учениците од скопското СУГС „Димитар Влахов“ од Скопје со богатата креација „Еуфорија“ освоија второ место
„Креациите ги изработувавме речиси два месеци. Се инспираравме токму од иднината. Затоа, освен најлони, хартија и пластика, искористивме и стари таблети, а настапот ни го надополни роботот како специјален гостин. Технологијата оди напред и ова што го прикажавме е навистина мода од иднината, но ако не прашате искрено, младите не треба да се толку зависни од технологијата, интернетот и од социјалните мрежи. Најдобриот начин на дружење и споделување е во живо. Не можеме да речеме дека ја очекувавме победата, но се надевавме“, ни изјавија победничките.
Со оригиналниот фустан од конзерви од паштети, учениците од СОУ „Богданци“ од Богданци се третиЗа награда, од организаторите ОХО, и од помагателите, тие добија учење странски јазици. Нивните конкуренти од скопското СУГС „Димитар Влахов“ од Скопје со богатата креација „Еуфорија“ освоија второ место, а со оригиналниот фустан од конзерви од паштети, учениците од СОУ „Богданци“ од Богданци се трети. Сите наградени добија вредносни ваучери. Се додели и наградата „Треш фор арт“ , за учениците СОСУ „Илинден“ од Скопје.
Учениците од триесет и пет средни училишта од Македонија направија облека од материјали кои 75 проценти се рециклираат. Сите воодушевија со својата креативност, а за целиот настан се искористени 3,500 килограми отпад.
М.Џаровска